Договорот меѓу државните органи на Србија, Македонија и Албанија врз основа на кој ќе биде можен непречен законски проток на работна сила во овие три земји треба да биде договорен до крајот на годината,објави белградски Данас пренесувајќи изјава на советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија, Ненад Ѓурѓевиќ за Танјуг.

Зборувајќи за реализацијата на делот од договорот меѓу лидерите на трите балкански земји, т.н мини Шенген, што се однесува на слободниот проток на работна сила, тој рече дека досега можноста граѓаните на трите земји да патувањето преку граници со лична карта е реализирано.

„Ние го поздравуваме овој договор како важен поттик за бизнисмените кои работат во овие земји. Што се однесува до договорот за слободно движење на работна сила, според нашите информации, во тек е усогласување меѓу министерствата за внатрешни работи и други надлежни тела, а одлуката за тоа треба да биде донесени во втората половина на оваа година, а најдоцна до крајот на годината“, изајви Ѓурѓевиќ.

Тој истакна дека тоа ќе биде пресвртна точка за Србија, Македонија и Албанија.

„Се надевам дека и другите соседи ќе се приклучат, бидејќи има недостаток на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Ни се обратија некои италијански компании кои имаат многу проблеми со наоѓање квалитетна работна сила”, рече Ѓурѓевиќ.зш/



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2021 11:19