Францускиот државен секретар за европски прашања Клемент Бон се заканува дека Париз ќе реагира во случај на непочитување на договорите за Брегзит од страна на Велика Британија, јави дописникот на МИА.

Француско-британските односи беа нарушени за време на дискусиите во врска со трговијата со Северна Ирска.

-Ние ги почитуваме договорите во целост, ако не е така, ќе преземеме одмазднички мерки, рече Клемент Бон, гостин на радиото „Европа 1″.

Без оглед дали се работи за риболовот на Каналот Ла Манш или за трговијат со Северна Ирска, државниот секретар за европски прашања потсети на цврстината на Европската унија наспроти Велика Британија: Можеме да тестираме обврски, ги почитуваме потпишаните договори. Тој ја отвори можноста за примена на царински тарифи доколку Британците не го сторат тоа исто така.

Клемент Бон на тој начин реагираше на дискусиите водени оваа сабота меѓу Емануел Макрон и Борис Џонсон за време на состанокот на маргините на Г7. Британскиот премиер предупреди дека неговата влада може да ги надмине договорите за Брегзит за недостиг на флексибилност од ЕУ, која од своја страна ја повикува Велика Британија да ги почитува своите обврски. Борис Џонсон особено се пожали дека од јули веќе не може да испраќа колбаси од Велика Британија во Северна Ирска. Тој ја спореди оваа забрана со продажбата на колбаси во Тулуз на париските пазари. Претседателот на Републиката одговори дека ситуациите не можат да се споредат бидејќи „Париз и Тулуз се дел од иста земја”, со што го навлече гневот на британските дипломати



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2021 16:54