СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

МВР денеска соопшти дека на 11 јуни 2021 во атар на село Табановце, Кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот откриле дека пријавениот превезувал 20 мигранти во товарно возило.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2021 18:20