Платформата за онлајн резервации „Common“ денеска ќе одржи настан во Скопје, по повод лансирање на нивниот стартап.

Од платформата велат дека нивна цел е олеснување при резервација на секојдневни активности и дигитализација на работење на бизнисите.

Во рамките на оваа платформа, тимот на Common информира дека се содржат повеќе бранши меѓу кои приватни здравствени установи, спортски терени, салони за убавина, како и салони за кучиња.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2021 12:01