Потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во рамки на работната посета на Швајцарската конфедерација, се сретна со потпретседателите на Ре/Макс Европа, Курт Лукас и Адриан Бури.

-Ре/Макс е американска интернационална компанија за недвижности со повеќе од шест илјади канцеларии ширум светот. Ре/Макс како една од најголемите, најреномирани и најуспешните компании, ќе го професионализираат пазарот со недвижнини во Македонија и ќе воведат меѓународни стандарди во купувањето, продавањето и изнајмувањето на недвижности во нашата земја. Дополнително, тоа ќе не стави на меѓународната карта за недвижности што пост-ковид ќе значи раздвижување и отворање на пазарот за недвижности и економијата целокупно, соопшти Кабинетот на Битиќи.

На средбата вицепремиерот Битиќи ги потенцираше заложбите на Владата за одлучни економски политики во пост – ковид периодот кој ќе ја закрепнат и засилат економската стабилност на земјата.

Од друга страна пак, потпретседателите на Ре/Макс Европа, по првите разговори и донесувањето на одлуката за проширување во нашата земја во март 2020, на оваа средба потврдија дека продолжуваат со нивните намери, по речиси една година пауза поради Ковид-19, да започнат со работа, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2021 17:03