Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Р. (40) од Берово, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по чл. 353 ст.1 од Кривичниот законик и против И.М.(35) од с.Двориште, поради постоење основано сомнение дека му помогнал во извршувањето на наведеното кривичното дело.

Првопријавениот, во својство на директор во правно лице од Берово, со пречекорување на своите службени овластувања и постапувајќи спротивно на предходно доделен Договор за набавка на услуга за потребите на правното лице, склучен со правно лице од с. Двориште, во текот на 2020 на правното лице чиј што управител е второпријавениот И.М., му овозможил исплата на 360.000 денари, иако правниот субјект воопшто не извршил услуга согласно склучениот договор. Со тоа на правното лице од Берово му причинил материјална штета, додека второпријавениот, по претходен договор со пријавениот, ја примил исплатата, со што се стекнал со противправна имотна корист.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2021 10:25