Во периодот од 14.06 до 20.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија по однос на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.
При контролата санкционирани се 100 учесници во сообраќајот, од кои 99 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.