На 21.06.2021 во 23.55 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела вода, Отсек за потраги, на ул.„Стари Новакиња“ во нас.Драчево, по добиена судска наредба, го лишиле од слобода М.Н.(31) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци, во врска со чл.236 од Кривичен законик. М.Н. е предаден во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2021 11:54