Основното јавно обвинителство од Велес даде предлог десет лица да бидат казнети со по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност, поради нарушување на полицискиот час воведена како мерка за спречување на ширењето на коонавирусот.

– Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнен налог против 10 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле важечкиот полицискиот час, определен како мерка за спречување на ширењето на заразна болест, информираат од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека јавните обвинители од велешкото јавно обвинителство предложиле на обвинетите да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2021 13:08