На 21.06.2021 на подрачјето на Центар полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги го лишија од слобода Д.П.(27) од Скопје, кој се барал по распишана централна потерница за издржување на затворска казна.

Д.П. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната за извршени кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога, оружје и разбојништво.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2021 16:30