ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) и Д.Н.(47) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Првопријавениот, во својство на службено лице – самостоен советник во објект во Кочани во Одделението за административни и заеднички работи при Министерство за внатрешни работи и второпријавениот, на работно место виш референт во објектот, искористувајќи ја својата службена положба ги пречекориле границите на своето овластување на тој начин што во периодот од 2019 до 2021 година, постапувајќи спротивно на Законот за јавни набавки, без спроведена постапка за јавна набавка и без да склучат договор со економски оператори, во 409 наврати извршиле набавка на храна и пијалаци за потребите на објектот од седум фаворизирани економски оператори, за кое биле потрошени 5.135.440 денари буџетски средства.