ОВР Берово поднесе кривична пријава против Д.П.(58) од село Будинарци, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.
Пријавениот на 27.02.2021, во периодот од 8:15 до 11:00 часот, запалил оган на имотот со намера да го изгори отпадот, по што огнот почнал неконтролирано да се шири и предизвикал пожар кој зафатил плевна во сопственост на Д.П. од Кочани, со кое дејствие предизвикал имотна штета од 245.000 денари.