Колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев во енергетиката за само една година:

загуба на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) 16,8 милиони евра,

загуба на МЕПСО 6 милиони евра и

вкупната загуба на двете државни, наши компании е 22,8 милиони евра во 2020 година.

За споредба на 5 август 2017 година ЕЛЕМ го оставив со 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра банкарски депозити и околу 300 милиони денари или 5 милиони евра на сметка со исплатени обврски, а МЕПСО 2016 година ја заврши со нето добивка од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра.

За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе. Граѓаните ќе одлучат дали ќе го поддржат ова секојдневие на СДСМ каде се крадат и банкротираат држаните компании или иднината која ја нудиме со инвестиции и развој на државните компании....

#МакедонијаЗаСитеЛуѓе



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 13:30