На јавната аудиенција кај папата Франциск во Ватикан денеска се појави необичен посетител – личност облечена како стрип-јунакот „Спајдермен“.

Имено, човекот-пајак во црвениот тесен мрежест костим седеше во делот за ВИП во публиката во ватиканскиот дворец „Сан Дамасо“. Тој седеше тивко покрај свештеник облечен во црно, што, се чини, не го вознемируваше присуството на живописниот лик со големи бели очи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2021 13:46