Вчеравечер (23/24.06.2021) од 20.00 часот до 01.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 66 возачи.

Тие се веднаш исклучени од сообраќај. Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-22, СВР Битола-11, СВР Тетово – 7, СВР Штип-6...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 11:58