На 23.06.2021 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на железничката пруга Маџари – Скопје, во близина на патниот премин кај Кванташки пазар, непознат сторител одзел тегови од три столба од контактната мрежа од инфраструктурата на Македонски Железници.
Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 21.30 часот кога биле поставени нови тегови. Се работи на расчистување на случајот.