Денеска (27.06.) во периодот од 09 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 45 возачи, од кои 32 на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар. 41 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шест за дури над 70 километри на час над дозволената.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.