Погрешен е моментот на носењето на еколошката такса, бидејќи поскапувањето на горивата за 4 денари нема да ги натера граѓаните наместо автомобили да возат тротинети или хибридни возила, зашто до тоа нема да дојде, вели за Алфа економскиот експерт Горан Рафајловски.

- „Многу е добро“ сега во ова време да се донесе еколошка такса, и тоа по цена од над 4 денари за наточен литар гориво, и мислам дека сите проблеми во економијата и правото се решени, па уште таксата останаа да ја решат, така што мислам тоа е крајно несериозно, а сега имаме такво неодговорно Собрание, што може ќе се изгласа в година ова време, вели во интерју за Алфа економскиот експерт Горан Рафајловски

Според него, следно е подгревање на инфлацијата и доосиромашување на народот, кој и онака одвај преживува во ова време.

- Време кога не може да се издржи крај со крај. Сметам дека ова е крајно несериозно, зашто народот веќе не знае што да прави сам со себе, додава меѓу другото Рафајловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2021 19:21