Една мајка и Тик-ток можеби штотуку ѝ ги отворија вратите на „Дизни“-кариера, на нејзината бебиситерка – тинејџерка. Сѐ почна со тајно снимање…

Имено, Ники (на Тик-ток: @nickiunplugged) ја снимила својата вработена како пее песна на Ариел од „Малата сирена“. Видеоснимката потоа е прегледана над 10 милиони пати – и многумина би се сложиле дека младата Дилејни (@delaneyreneemusic), е извонредно талентирана девојка.

Ники ја охрабрува бебиситерката „да му го претстави својот глас“ на светот.

„Но, таа се обесхрабрува кога се гледа себеси на видеата… Сè што јас гледам е – убавина. И моите деца, исто. Да ѝ покажеме љубов за да ја натерам да пее за нас повеќе!“, вели Ники во написот врз снимката.

И, додека Дилејни ја приврши својата песна, Ники откри: „Нејзиниот глас ме тера да плачам!“



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2021 11:55