Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во земјва и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, организираат Македонско-романски економски форум и билатерални средби.

На Форумот, покрај работниот дел на кој е предвидено и потпишување на договор за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Трговско-индустриската комора на Романија, предвидени се и билатерални средби меѓу претставници на бизнис-заедниците од двете земји, како и презентација на условите за инвестирање во Република Македонија, со акцент на секторите: градежништво, туризам, енергетика, информатичките технологии и управувањето со отпад.

На настанот ќе се обратат Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, како и Аурелиан Гогулеску, потпретседател на Трговско-индустриската комора на Романија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2021 10:09