Една Американка на својот интернет-простор раскажа оти има две матки, односно два циклуса месечно и може да забремени и со двете истовремено.

Пејџ де Анџело има диделфија на матката, што значи дека е родена со два сосема одвоени репродуктивни системи. Студентката на Универзитетот „Дрексел“ во Филаделфија, Пенсилванија, САД, која има и двојна вагина, може да забремени со една од нејзините матки и нема да знае за тоа сѐ додека не добие други симптоми, бидејќи другата ќе продолжи да има циклус. Или пак, може да забремени и со двете истовремено време.

Младата девојка секогаш страдала од неправилни менструации – една на секои две недели. Но, не ѝ била дијагностицирана диделфија на матката сè до нејзината 18-та година, кога првпат отишла на гинеколог. Вагината не се разликува од надворешната страна на телото, но има парче ткиво однатре што ја поделува, како преграда.

Сепак, Пејџ веројатно ќе мора да користи сурогат, ако некогаш сака да има деца. Нејзината состојба носи многу голема опасност од предвремено породување или спонтан абортус, бидејќи нејзината матка е многу помала од вообичаеното.

Пејџ, инаку, пронашла заедница на жени, вклучително и мајки кои се во иста состојба.

– Јас сум во група на Фејсбук за поддршка на девојки кои се во иста состојба и многу од нив имаат по едно дете на секои пет спонтани абортуси. Обесхрабрувачки е, но фактот што тие, сепак, имаат деца, ме тера да продолжам… Драго ми е што создадов безбеден простор и за другите жени да може се обратат за помош, вели младата девојка, вели Пејџ.

Пејџ има и свој канал на Тик-ток – @paige.deangelo, преку кој ги информира луѓето за нејзината состојба. Веќе има над 300.000 следачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2021 15:11