„Кралот на хот-дозите“, Џои Честнат, вчера го надмина сопствениот рекорд, при што изеде 76 сендвичи со виршли, на годинешниот натпревар во јадење хот-дог на 4 јули, кога САД ја слават својата независност од британската власт.

Ова е негова 14-та победа во натпреварувањето. Џои (37), од Калифорнија ја надмина својата минатогодишна победа јадејќи една виршла повеќе. Организаторите рекоа дека со неговиот „дигестивен потфат“, тој го срушил светскиот рекорд.

Во конкуренцијата кај жените победи учителката Мишел Леско од Аризона. Таа изеде нешто помалку од 31 виршла. Сепак, тоа беше далеку под светскиот рекорд за жени, поставен од Мики Судо лани – со 48 и пол виршли изедени за 10 минути.

Натпреварот лани се одвиваше без гледачи, поради пандемијата на коронавирус.

Натпреварувањето инаку, се одржува секоја година, од 1972 година досега, по повод Денот на независноста на САД – 4 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2021 12:01