Мексиканската Влада ја понуди на лото куќата, од којашто, наркобосот Хоакин Гузман, попознат како „Ел Чапо“, избега во 2014 година, а потоа беше осуден на доживотен затвор во САД.

Куќата во Кулијакан – главниот град на североисточната мексиканска сојузна држава Синалоа, се проценува на 3,6 милиони пезоси (184.000 американски долари). Тоа е дел од понудата награди во вкупна вредност од 12,5 милиони долари, што Владата ги намени за извлекувањето на 15 септември, се наведува на интернет-страницата на Националната лотарија на Мексико.

На 16 февруари 2014 година, Ел Чапо избегал од таа куќа преку подземен тунел. Тој беше уапсен шест години подоцна, во Синалоа и испратен во затвор. Повторно побегна и повторно беше уапсен во 2016 година. Следната година е екстрадиран во САД, а во јули 2019 година е осуден на доживотен затвор во Њујорк.

Тој денес ја издржува доживотната казна во високо-обезбеден затвор во Колорадо.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 13:06