Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа по Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кој се предлага годинава да има намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.

Не беше прифатен амандманот со кој се бараше намалувањето да се однесува и за компаниите и индустријата, а не само за домаќинствата на регулираниот пазар.

Расправата помина во меѓусебни препукавања и обвинувања на власта и опозицијата во чие време цената на струјата била поскапа и кога енергетските компании во државна сопственост имале поголеми загуби.

Амандманската расправа, според најавите, продолжува утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 17:30