Поп-групата „Дупер“ вечер во 18 часот на својот Јутуб канал ќе ги објави новите песни од првиот албум насловен „Хипер“.

„Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеаја да ја пренесат нивната позитивност, а кога почна да се врти по радиостаниците и телевизиите, публиката реагираше со пофалби и коментари дека станува збор за поп-група која е поразлична од останатите.

Следуваа „Тело за на ТВ“, „Ние сме 2“, „Пробај да ми бидеш“, „Патник“, „Пак и пак“, „Единствен начин“… па сѐ до „Сменета“, соработката со Матеј Фолц.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2021 11:54