Народната банка денеска ќе одржи виртуелна промоција на Првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (2021-2025).
На промоцијата се најавени обраќања на гувернерката на централната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии Фатмир Бесими, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Крсте Шајноски, како и на Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Кирил Јовановски, комисионер на Комисијата за хартии од вредност
Стратегијата има за цел да обезбеди поддршка и натамошен развој на финансиската едукација и финансиската инклузија. Треба да придонесе за зајакната координација и соработка помеѓу финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор и невладиниот сектор, како и систематски пристап на сите вклучени субјекти заради зајакнување на финансиската писменост на населението, подобрување на степенот на финансиска инклузија, при истовремено обезбедување соодветна заштита на потрошувачите.