Владата се гордее соопштувајќи дека растат платите во земјава, иако е нејасно каде е тука просторот за фалби кога илјадници луѓе во ковид кризата останаа без работа. Работодавачите алармираат дека ги губат искусните работници, а синдикатите тврдат дека фалбите на власта оти наводно просечната плата е зголемена за 5.766 денари, се е вештачки напумпани.

Голем број на работници добиваат многу помала плата од онаа ветената, минималната, газдите многу ги злоупотребуваат работниците, а власта, односно државата не презема ништо од тоа за да ги заштини работниците, мислам дека овие цифри и оваа бројка – просечната плата е некако напумпана, а ако земеме да судиме, според наште анализи, онаа медијална (просечна) плата не би надминала 20.000 денари, вели за Алфа Благоја Ралповски од Конфедерација на слободни синдикати.

Тој предупредува дека сивата економија останува да царува.

Најмногу се погодени секторите за угостителство и туризам. Не е 50.000, бројката е поголема зашто во угостителство и туризам има најмногу сива економија. Се оперира со бројка од 70.000 до 80.000 кои останале без работа, додава Ралповски.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2021 01:08