Драмското студио „Миладин“ од Струга, вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Добрутро арамии“од Фадил Хаџич, преработена за наши услови.

Режијата е на Христијан Миладинов, кој истовремено се појавува во улогите на Андреј и Азем, директорот е Имер Асоски, Златица ја игра Љубица Дуноска, Сако Шима е Бојан Крстески, секретарката ја игра Марија Анѓелкоска, а полицаец е Ристе Миладинов.

Претставата се препорачува за лица над 14 години, а публиката ќе има можност на сцената да види една приказна со финансиски и материјални проневери и работење со поткуп.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2021 14:22