Гласав за враќање на државноста, гласав за држава со правила и закони. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова откако го искористи своето право на глас на парламентарните избори.

„Се надевам на големата енергија за промена што ја гледам во последно време. Луѓето видоа јасна алтернатива, видоа дека може да се управува на различни начини, професионално, со експертиза, со амбиција и со визија за развој на Бугарија“, нагласи Јотова, цитирана во соопштение од Канбинетот.

Потпретседателката ги повика Бугарите масовно да гласаат.

„Само масовно гласање ќе покаже дека го надминавме стравот дека заплашувањето со машинско гласање, со манипулација не може да не натера да останеме дома, но ќе излеземе и ќе го дадеме својот глас за нашата иднина. Да бидеме одговорни пред себе и пред своите деца и да го направиме нашиот избор“.

Таа истакна дека обидите за манипулација никогаш нема да престанат бидејќи има партии кои победуваат на избори со години.

„Убедена сум дека машинското гласање драстично ќе ги намали фалсификатите. Гласањето со машини е лесно и многу брзо”, додаде Илијана Јотова.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2021 16:56