Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, смета дека на Босна и Херцеговина и е потребен закон кој ќе го казнува и спречува негирањето на геноцидот и со кој се третира глорификација на воените злосторници.

Инцко, по повод 26-годишнината од злосторствата извршени во Сребреница, оцени дека ваков закон треба да усвојатат претставниците на народот.

Тој додаде дека има и такви кои продолжуваат да ја негираат вистината и такви кои и покрај, според неговото мислење, проверени и добро документирани факти, инсистираат на тоа дека геноцидот не се случил.

Инцко нагласи дека негирањето им го одзема достоинството на живите и мртвите, ги крши основните принципи на правдата и спречува закрепнување на целата земја.

– Негирањето на геноцидот е тежок товар кој граѓаните на Босна и Херцеговина не треба да го носат, рече Инцко.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 03:16