Првото место на предвремениоте избори во Бугарија нема да биде познато до утре наутро, ниту третото и четвртото место не се сигурни. Со таков став е социологот Парван Симеонов од Галуп Интернешнл во изјава за бугарската Нова ТВ.

– До крајот, ќе се трепери кој е прв, особено затоа што нема егзит-анкета во странство…и тоа може да ги промени резултатите, изјави тој.

Според него, партиите што протестираа нема да имаат мнозинство во следното Национално собрание ако биде предложена владата на Маја Манолова од „Исправи се„ Мафијата надвор“ и Христо Иванов од Демократска Бугарија – ќе им треба поддршка или од БСП или од ДПС, додаде социологот од „Тренд“ Димитар Ганев.

Тој тврди дека ќе има околу 100-114 мандати за трите протестни партии во новото Националното собрание на Бугарија. Ист е и ставот на Симеонов.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 03:17