Паралелното пребројување покажува дека победник на овие избори е партијата „Има таков народ“. Гласовите од странство сè уште не се пристигнати, изјави заменик-претседателот на партијата Тошко Јорданов.

Тој истакна дека станува збор за податоци од паралелните пребројувања на две социолошки агенции.

Станислав Балабанов, пратеник во 45-то Собрание, истакна дека без оглед на излезноста, ова е политичкиот крај на ГЕРБ.

Тој посочи дека денеска е забележана и друга „политичка смрт“ – онаа на таканаречените „патриоти“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 03:17