Партијата „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоумен Слави Трифонов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија , според податоците на агенцијата Галуп од паралелното пребројување на 90 проценти од гласовите.

Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила.

Галуп наведува дека станува збор за резултати според нивна прогноза, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК.

„Има таков народ“ освоија 23,2 процента од гласовите, ГЕРБ-СДС – 23 отсто, БСП – 14,3 проценти, „Демократска Бугарија“ – 13,4 отсто, ДПС – 11,5 проценти, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,1 процент. Останатите пратии не го преминаа дозволениот праг за влез во Парламентот.

Според Галуп, излезноста на изборите била 38,1 процент



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 03:17