Бугарската политичка партија „Има таков народ” најави денеска дека може сами да состават Кабинет без да влезат во коалиција.

– Има таков народ презема независна одговорност за влада без формирање коалиција, изјави лидерот на таа партија, Слави Трифонов, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој нагласи дека премиер би бил Николај Василев кој беше во претходна влада вицепремиер. Министер за надворешни работи би бил Роди Најденов, искусен дипломат и поранешен амбасадор во Германија и Австрија

Министер за економија би бил Лубомир Дацов, кој беше од владата на Симеон Саксобурготски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 13:55