Изложба на Зулејха Али Зубери денеска ќе биде отворена во Галеријата „КО-РА“, во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Зубери има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во клас на професорот Антонио Мазневски, на одделот сликарство-конзервација и реставрација. Членка е на ДЛУМ, а има учествувано и на повеќе групни изложби во земјата и надвор.

Добитничка е на наградата „Константин Мазев Коце“ во 2019 година за изложбата „Ликовно творештво-мал формат“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2021 11:00