Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва на Факултетот за ликовни уметности Сули Ан ќе се одигра театарската претстава „Кармен, а во Кинотека на Северна Македонија ќе има проекција на филмот „Твист“.

-Вечерва ќе се одигра театарска претстава „Кармен“ со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Претставата е монодрама на Биљана Драгиќевиќ – Пројковска. Автор е Мигел Делибес, режија и драматизација е на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф е Раде Василев. Композитор е Горан Трајковски, а претставата е во продукција на Драмски театар, информираат организаторите.

Тие додаваат дека вечерва на програмата на Кафе Кино е филмот „ТВИСТ“ (TWIST), 2021, Велика Британија, чија проекција ќе започне во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на Северна Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2021 14:36