Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова изрази надеж дека во наредните денови ќе надвладее разумот.

Според неа, на Бугарија и е потребна многу стабилна влада, јави дописникот на МИА од Софија.

Смета дека новата влада на Бугарија мора да ја продолжи линијата на привремената за враќање на државноста, за законитоста, за правилата и за економскиот развој.

Јотова нагласи дека ако партиите во Бугарија повторно се затворат и одлучат да одат на нови парламентарни избори оваа година, тие нема да бидат разбрани од народот.

Според потпретседателката на Бугарија, слабиот одзив на предвремените парламентарни избори треба сериозно да се анализира од сите политички формации. Сепак, таа изрази скептицизам дека машините, одморите и одењето на море се меѓу причините што доведоа до слаб одзив и претпостави дека гласачите можеби не нашле за кого да гласаат.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2021 12:24