Директорот на Разузнавачко безбедносната агенција на Босна и Херцеговина, Осман Мехмедагиќ утрово е приведен на барање на Обвинителството.

Обвинителството на БиХ спроведува истрага за валидноста на дипломата на Мехмедагиќ.

Претходно е уапсен директорот на Американскиот универзитет во Тузла, Денис Прциќ под сомнение дека сторил кривично дело односно му помогнал на Мехмедагиќ да се стекне со фалсификувана диплома.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2021 12:31