Холивудскиот глумец Мел Гибсон му упати војнички поздрав на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пред натпреварот на УФЦ-264 првенството во боречки вештини во Лас Вегас. Со тоа, тој го навлече гневот на политичките противници.

Некои од присутните ја снимија случката, па за салутирањето набргу дозна и целиот свет.

„Фактот дека Мел Гибсон го поздравува Трамп не треба да изненадува никого. Нацистите поздравуваат други нацисти”, напиша еден корисник на Твитер.

„Мел Гибсон, кој се преправаше дека е војник, го поздравува Доналд Трамп, кој се преправаше дека е претседател. Има некоја смисла”, гласи друга твитер-објава.

Весникот „Индипендент“ потсетува дека Гибсон зад себе има долга историја на расистички, антисемитски и хомофобични коментари.

Некои негативни коментари, пак, Гибсон го опишауваат како „антисемитски кретен“. Според друг противник на нивната политика, оскаровецот и поранешниот претседател на САД се „нацисти и бели шовинисти“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2021 13:17