Во трговскиот центар Веро Џамбо денеска ќе биде претставена првата повратна вендинг машина (ПВМ) на „Пакомак“ која ќе биде поставена на територијата на Град Скопје.
Од Пакомак најавија дека на настанот, покрај нивни претставници, ќе бидат присутни и министерот за животна средина Насер Нуредини, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада и австрискиот амбасадор Георг Вуцас.
Главната цел на овие вендинг машини е зголемување на можноста за селективно одложување на отпадот, посебно во урбаните средини.