Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов денеска треба да се појави на распит во Генералниот директорат на Националната полиција.

Дописникот на МИА од Софија потсетува дека информацијата ја објавил лично Борисов за време на брифингот во вторникот на кој тој ја покажал поканата. Тогаш Борисов сугерираше дека бил повикан или поради избори затоа што не купил гласови или затоа што пред извесно време беше објавен сигнал од бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков од бизнисмен кој тврди дека му бил загрозен поранешниот премиер во 2009 година.

ГЕРБ подготвува протест пред зградата каде што ќе биде испрашуван Бојко Борисов.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 12:51