Лидерот на бугарската политичка партија ГЕРБ, и поранешен премиер Бојко Борисов денеска даде изјава во полиција.

Откако беше во зградата на Националната полиција Борисов објасни дека бил повикан да даде изјави за настани од периодот 2009-2012 година.

– Сите работи беа – некој нешто слушнал, некој нешто зборувал, изјави Борисов по напуштањето на зградата на полицијата.

Неговиот адвокат додаде дека „станува збор за исмислици од пред 13 години”.

Пред зградaта на полицијата тој беше пресретнат од свои симпатизери кои скандираа во негова поддршка.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 13:00