Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај ја поздрави најавената средба на претседателот на САД Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, изразувајќи надеж дека тие ќе дадат поттик за наоѓање решение за отворените прашања на Балканот и за споровите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на социјалните мрежи Инстаграм и Твитер, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово изрази надеж дека светските лидери ќе го забрзаат „постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање“.

– Средбата меѓу Бајден и Меркел е добредојдена и потребна за адресирањето на сите отворени прашања на Балканот. Останувам убеден дека лидерите на слободниот свет ќе се согласат за забрзување на постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за меѓусебно признавање. Нашите надежи остануваат кај Вашингтон, напиша Харадинај.

Меркел ќе се сретне денеска со Бајден во Белата куќа, што претставува нејзина веројатно последна посета на Вашингтон како челник на германската држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 16:16