Согласно високите температури во овој период од годината за да ги заштитиме милениците важно е најпрво да ги препознаваме симптомите, за потоа да им ја пружиме негата која им е потребна.

Препораки :

Вашиот миленик шетајте го во раните утрински часови и доцните вечерни.

Обезбедете му соодветно место, заштитено од сонцето доколку престојува на отворен простор

Никогаш не го оставајте вашиот миленик внатре во затворено возило , па дури и кога се работи за денови со ниски температури .

Избегнувајте шетање по асфалт , тоа може да доведе до изгоретини на шепите на вашиот миленик .

Често менувајте им ја водата за пиење .

Симптоми кои укажуваат топлотен удар кај кучињата

Отежнато и забрзано дишење

Зголемен пулс и работа на срцето

Прекумерно лачење на лигавица од устата

Мускулна слабост

Крвава столица и нагони на повраќање

Зголемена телесна температура

Што да правите доколку вашиот миленик има топлотен удар

Веднаш обратете се кај вашиот ветеринар, но доколку не сте во можност однесете го во затемнета просторија каде нема да има директен контакт со сонцето .

Поставете ладно-мокра крпа над неговиот врат и глава (и повторувајте ја постапката повеќе пати )

Доколку сте во можност обезбедете цревосо вода кое што ќе тече низ неговиот абдомен

Колку што е можно побрзо посетете го вашиот ветеринар.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2021 02:45