Вработени во Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата „Таковска“ во Белград денеска се евакуирани околу 14 часот поради дојава за бомба, потврдено е за Б92.нет од Министерството за внатрешни работи на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Нова.рс, сите вработени во РТС се евакуирани по наредба на обезбедувањето и се наоѓаат во близина на Абердаревата улица.

Блиц соопшти дека околу 14 часот обезбедувањето им наредило на вработените да ги напуштат своите работни места додека не се утврди што се случува.

Полицијата во моментов врши истра во зградата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 01:38