Дел од осомничените колумбиски платеници, уапсени под сомнение за убиство на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, учествувале во американски воени обуки, изјави портпаролот на Пентагон.

„Истрагата е во тек, нема да дадеме повеќе детали во овој момент“, изјави полковник Кен Хофман за „Вашингтон пост“.

Според Пентагон, Секретаријатот за одбрана организира обуки за илјадници војници од Јужна Америка, Централна Америка и Карибите секоја година.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден рече дека не сака воено да се меша во ситуацијата на Хаити, но дека САД ќе испратат војници да ја чуваат амбасадата. Хаитиските власти побараа американски војници да дојдат во земјата, а истото барање беше испратено до ОН.

Хуан Гонзалес, член на Советот за национална безбедност на Белата куќа, кој го посети Порт-о-Пренс по ликвидацијата, откри како САД помагаат во истрагата.

„Досега осум агенти на ФБИ се на терен. Постојат и претставници на Секретаријатот за внатрешна безбедност, кои помагаат да се открие оружје, да се најдат мобилни телефони, се што е потребно за да се открие целосно кој е одговорен за убиството“.

Хаитската полиција досега уапси двајца Американци од Хаити, а Гонзалес изјави дека САД се подготвени да им судат доколку се виновни. Тој додаде дека полицијата во Флорида, од каде потекнуваат двајцата Американци, исто така соработува во истрагата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 12:17