Во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес, вечер од 20.30 часот концерт ќе одржи велешката група „Д чикс", во рамки на програмата на „Велешко културно лето 2021" што го организира Општина Велес.

„Д Чикс" е женска група која постои од 2016 година и има три членки кои, покрај музиката, имаат свои професии – вокалот Сандра Јорданова, која во групата свири и на дајре, е правник, гитаристката Моника Георгиева е дипломиран лекар, а Наталија Мејанџиева која исто така свири на гитара е економист.

Тие биле учесници на повеќе забавни манифестации и фестивали, а во 2020 година беа дел од 16-те велешки музичари кои за короната онлајн снимија песна „Ќе мине се". Песната беше снимена на музика од светскиот хит „We are the world" од 1985 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2021 16:12