Нуркачи денеска се вклучија во потрагата по 14 работници, кои трет ден се заробени во тунел во изградба во Жухаи. Несреќата се случи откако јужниот дел на Кина беше погоден од поплави.

Нивото на водата во тунелот е намалено, а по работниците трагаат подводни роботи и сонди.

Спасувачките екипи успеаја да влезат во тунелот уште 600 метри подлабоко откако опадна нивото на водата.

Нивната работа е отежната од ослободувањето на јаглерод моноксид од машините вклучени во потрагата, што може да биде смртоносно.

Причините за поплавата сè уште се испитуваат.

Жухаи е крајбрежен град во провинцијата Гуангдонг на делтата на Бисерна Река.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2021 14:51