Карневалските групи „Струма”, „Мулен Руж” и „Газели”, како претставници на Струмичкиот карневал, настапија на 18. Врњачки карневал, кој се одржа вчера во Врњачка Бања, Србија.

Според информациите оттаму, нивните атрактивни маски ја збогатиле понудата на интернационалната карневалска поворка, оставајќи силни впечатоци кај публиката.

Струмичките карневалисти додаваат дека трпеливо ги чекаат моментите кога со најнови креации ќе се претстават и пред домашната публика, бидејќи годинава и лани не се одржа Струмичкиот карневал поради пандемијата од Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2021 15:52