Ридот на храмовите е најсветото место во јудаизмот, а сега таму се наоѓа џамијата Ал Акса, трета по важност во исламот, така што муслиманите ја нарекуваат Возвишено светилиште (Харам ал-Шариф).

Палестински верници денеска се судрија со израелската полиција на Ридот на храмовите во Ерусалим во пресрет на пристигнување на стотици Евреи на Денот на постот и жалоста за уривањето на двата древни еврејски храма што се наоѓале на брдото.

Ридот на храмовите е најсветото место во јудаизмот, а сега таму се наоѓа џамијата Ал Акса, трета по важност во исламот, така што муслиманите ја нарекуваат Возвишено светилиште (Харам ал-Шариф).

Израелците и Палестинците често се судираат на Ридот на храмовите. Десетици муслимански верници денеска се забарикадираа во светилиштето пред доаѓањето на еврејските верници, но беа растерани од изралската полиција, која употреби и гумени куршуми.

Се уште нема информации за евентуално повредени и приведени луѓе.

Судирите избија еден ден по извештаите дека Израел неодамна им дозволил на Евреите да се молат на Ридот на храмовите, со што се крши статусот кво што беше во сила откако еврејската држава го освои Источен Ерусалим од Јордан во шестдневната војна во 1967 година.

Врз основа на статус кво состојбата, на Евреите им е дозволено да го посетуваат Ридот на храмовите со бројни ограничувања, но не и да се молат таму, а Јордан, како заштитник на муслиманските свети места во Ерусалим, управува со светилиштето.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2021 15:57